Македонија
21. јуни 2017 - 14:41

Поставена атмосферска канализација на улицата „Анастас Коцарев“ во Ѓорче Петров

Општината Ѓорче Петров ги заврши градежните работи за поставување на новата атмосферска канализација на улицата „Анастас Коцарев“ во населбата Дексион.

Ќе бидат поставени шест шахти и нов асфалтен слој со што во иднина, како што се наведува, ќе биде подобрено одвивањето на сообраќајот и ќе се надминат и проблемите на граѓаните со честото поплавување по врнежите од дожд и топење на снегот.

Овој зафат ќе чини 5,7 милиони денари, а работите ги изведува АД „Карпош“ Скопје. 

Ново на Сител