Поставен пешачки мост во Кавадарци
Пешачки мост е поставен на улицата „Шишка” во Кавадарци, согласно програмата за комунална изградба на таа општина.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека изведувач на работите е фирмата „Метал Апостолов“, која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.
- Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“. На источната страна ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај Основниот суд, рече Јанчев.
Конструкцијата е висока 4,8 метри, долга е 21 метар, а широчината изнесува 1,5 метри, појаснија од градоначалничкиот кабинет. Со овој проект општината реализира едно долгогодишно барање на жителите. За изградбата на мостот се потрошени 700.000 денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“