Поставен пешачки мост во Кавадарци
Пешачки мост е поставен на улицата „Шишка” во Кавадарци, согласно програмата за комунална изградба на таа општина.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека изведувач на работите е фирмата „Метал Апостолов“, која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.
- Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“. На источната страна ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај Основниот суд, рече Јанчев.
Конструкцијата е висока 4,8 метри, долга е 21 метар, а широчината изнесува 1,5 метри, појаснија од градоначалничкиот кабинет. Со овој проект општината реализира едно долгогодишно барање на жителите. За изградбата на мостот се потрошени 700.000 денари.
Ново на Сител
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците