Поставен пешачки мост во Кавадарци
Пешачки мост е поставен на улицата „Шишка” во Кавадарци, согласно програмата за комунална изградба на таа општина.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека изведувач на работите е фирмата „Метал Апостолов“, која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.
- Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“. На источната страна ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај Основниот суд, рече Јанчев.
Конструкцијата е висока 4,8 метри, долга е 21 метар, а широчината изнесува 1,5 метри, појаснија од градоначалничкиот кабинет. Со овој проект општината реализира едно долгогодишно барање на жителите. За изградбата на мостот се потрошени 700.000 денари.
Ново на Сител
-
Барале мито од 20.000 евра за да сместат пациент, уапсен директорот на Геријатрија
-
Битолчанец крадел електрична енергија и заработил 9.300.955 денари
-
Мицкоски: Судскиот совет да ја преиспита работата на судијата кој ја намали казната затвор за смртта на Теодора
-
Над 4.800 деца лани чекале за упис во градинка, 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети
-
Уапсен скопјанец во Тетово, возел со 2,15 промили алкохол во крвта
-
Приведен кавадарчанец кој физички ја нападнал баба си и тешко ја повредил
-
Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
-
Раниери: Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот