Македонија
21. July 2015 - 16:32

Поставен камен-темелник на нова градинка во Радишани

Радишани ќе добие уште една градинка. Новиот објект се гради до старата градинка на површина од 500 метри квадратни и треба да биде готов за 6 месеци. Ќе има капацитет за 120 деца.

-Градинката ќе има пет занимални со капацитет на згрижување 120 деца, објектот ќе се гради со средства на општината, додека пак Министерството ќе ја превземе обврската за целосно опремување на градинката, изјави Диме Спасов,министер за труд и социјална политика.

-Со изградба на новиот објект во населбата Радишани ќе биде решен проблемот, односно, како што рече, потребата од поголем капацитет за згрижување на децата во градинките од населбата, изјави Петре Латиновски, градоначалник на општина Бутел.

За изградбата на новата градинка  општината Бутел од буџетот обезбедила 11 милиони денари.Од министерството за труд и социјала најавија изградба на уште неколку објекти за згрижување и воспитување на деца на предучилишна возраст во повеќе општини во Македонија.