Поставен 13 метарски крст на брегот на Мавровско Езеро
На месноста Црн Камен, на брегот на Мавровското Езеро, вчера беше подигнат тринаесет метарски метален крст.
Иницијатори на поставувањето се членовите на „Здружението на граѓани од Мавровско-горнореканскиот крај“ кои најавија дека се подготвуваат за негово осветување, додека наскоро ќе се започне и со соодветно осветлување.
На поставувањето, иницијаторите нагласија дека новиот крст меѓу селата Леуново и Ниќифорово е поставен на локација, која според нив е свето место.
- Симболот на христијанството го подигаме во чест на 50 години автокефалност на Македонската православна црква и во спомен на првиот поглавар на МПЦ, г.г. Доситеј, кој потекнува од Маврово. Порано на ова место имало параклис во чест на Богородица, нагласија од иницијативниот одбор.
Оваа иницијатива, според нив, е поттикната од желбата да се врати некогашниот сјај кога тука се собирале жителите на околните села и заеднички ги прославувале празниците како Балаклија и Ѓурѓовден.
Иницијаторите потенцираат дека крстот е поставен со поддршка и одобрение од локалната самоуправа на општината Маврово Ростуше.
Ново на Сител
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации