„Постапете како да сум ваше дете“ им порача пациент со цистична фиброза на премиерот и претседателот
Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, преку фотографии од болнички кревет одново упати критики што лекот „трикафта“ не е ни близу до набавка, но и жалење што на ваков начин го остварува правото на лек. Тој не добил ниту пристојно работно место, па ги праша Владата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски: „повторно чекате да се вратам во болнички кревет?“.
„На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за работа и лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно понижувачки! Господа, уште колку време треба да чекам за лекот ‘трикафта’ и за пристојно работно место, а не било какво… Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет? Постапете како да сум Ваше дете!“, напиша Пехчевски на „Фејсбук“.
Пет дена откако соопшти дека парите за набавка на „трикафта“ за најитните пациенти се обезбедени и дека нема да дозволи да почине уште еден пациент со цистична фиброза, премиерот Димитар Ковачевски вели дека се преговара за набавка на лекот. Министерството за здравство, Фондот за здравство и Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести работата на набавка на лекот. Тој не кажа кога најрано би стигнал лекот кај пациентите иако пред пет дена беше згрозен сложените и бирократски процедури. Неговиот одговор денес на прашањето за набавката на „тиркафта“ беше дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски