Последни пресметки за новата цена на струјата од јануари
Новата цена на струјата ќе крои допрва. Засега сигурен е растот од 5% од ДДВ-то. Следната недела Владата треба да ги добие пресметките на сите учесници, па потоа ќе се дебатира за колку ќе поскапи електричната енергија.
„Сега се прави план сите блокови како ќе работат во текот на следната година. Се анализира хидрологијата. Ќе се направи план колку ЕСМ наредната година може да произведе. Колку може да произведе ТЕЦ Неготино и останатите расположливи капацитети за да се види во колкав дел ќе се задоволат барањата на пазарот. Целта е домаќинствата и малите потрошувачи повторно да си ја добиваат истата количина на енергија, по одредена цена“ – Виктор Андонов, советник за енергетика
Од друга страна, опозицијата обвинува дека домашните капацитети не ги задоволуваат потребите, а увозот и натаму ќе расте.
„Хидроцентралите се на 16%. Неготино работи само со еден котел. Битола работи со два блока на 75%. Трансформаторот го нема. Требаше на први ноември на дојде, тој не е ни во Македонија. Тоа не е игла за да се крие. Јас очекувам увозот да не чини најмалку 150 милиони евра само за струја до крајот на грејната сезона, плус јаглен, плус мазут“ – Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ
ЕСМ и натаму продолжува со купување струја. За периодот од 12 до 18 декември, извршена е набавка на околу 6 илјади мегават часа, за што ќе треба да се платат 2 и пол милиони евра.
Пресметките за увозот од почетокот на оваа сезона, пак, покажуваат дека од 7 ноември до 18 декември сме платиле 40 милиони евра.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар