Последна недела од изборната кампања

Политичките партии денеска продолжуваат со активности за изборната кампања за предвремените параламентарни избори што ќе се одржат в недела.
Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Водаи во Центар, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Дебар, Стругаи во Охрид.
Митинг најави и коалицијата „Алијанса за Албанците“ пред жителите на Куманово.
Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Изборна единица 5 Александар Делов ќе говори на прес-конференција во Кичево, а носителот на кандидатската листа на Левица во Изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп.
За денеска е најавено и потпишување документ за заштита и унапредување на животната средина од страна на политички партии од Изборна единица 6, во просториите на движењето „Еко Герила“ во Тетово.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
