-->
-->
Последен меч за Металург во Лигата на шампионите пред својата публика
-->
Македонскиот ракометен вицешампион, Металург попладнево против Мотор Запорожје ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите пред домашната публика.
Филип Кузмановски еден од најистакнатите поединци во редовите на металург најавува голема борба и атак на бодовите на дуелот со Мотор Запорожје во рамките на 9. коло на групната фаза на Лигата на шампионите.
„Тие се силна екипа која овде доаѓа да не победи. Но, ние секако нема да се предадеме. Ние сме млад тим кој од натпревар во натпревар растеме како играчи. Ветувам голема борба и дека ќе дадеме се од себе да оствариме позитивен резултат. Ја повикувам публиката да не бодри и на овој меч“, изјави Кузмановски
Мечот меѓу Металург и Мотор Запорожје ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“.со почеток од 17.30 часот.
Потсетување дека утре, македонскиот и европски првак Вардар гостува во Мајнхајм, кај Ран-Некар Левен во дуел од А групата во која црвено-црните се лидери со два бода повеќе токму од германскиот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров