Бизнис
6. August 2017 - 17:30

Последен ден од собраниската дебата за ребалансот на буџетот

На петтиот и последен ден расправа за ребалансот на буџетот во собранието продолжија препукувањата меѓу власта и опозицијата за капиталните инвестици, задолжувањето и рализацијата на проекти од значење за граѓаните.

Опозицијата обвини дека  се кратат проекти во образованието, здравство, полиција и одбраната, а се зголемуваат парите за привремени вработувања и за бегалците.

Пратениците од владејачкото мнозинство реплицираа дека се кратат непродуктивните трошоци и нереално димензионираните капитални инвестици.

Ребалансот се темели на проекција за раст на БДП од 2,2 отсто, Проектираните приходите се за 1,5% пониски, односно за 2,87 милијарди денари. Расходите се намалени за околу две милијарди, додека договорните услуги за 902 милиони денари.

Како што образложи министерот за финансии се кратат непродуктивни трошоци на владата  и инситуциите како патните, тековни расдоси како економски промоции и реклами, додека се обезбедуваат средства за субвенционирање на минимална плата, за обештување на стечајци, за поддршка на домашни гринфилд инвестиции.