Свет
16. August 2020 - 9:21

После три месеци, во Италија повторно над 600 нови случаи на коронавирус

Бројот на нови случаи на коронавирус во Италија вчера изнесуваше над 600, што најголем дневен пораст во последните три месеци.

Туристите и лицата што се враќаат од одмор се сметаат за главни фактори во зголемувањето на бројот на случаи

Министерството за здравство регистрираше 629 нови случаи на коронавирус, со што се потврдени вкупно повеќе од 253.000 од почетокот на пандемијата.

Последен пат кога дневниот број беше поголем, изнесуваше 669 случаи на 23 мај. Пред само неколку недели, Италија имаше околу 200 нови случаи на ден.

Бројот на починати од Ковид 19 во Италија е над 35.000 пациенти.