После ова никогаш повеќе нема да сушите облека во затворена просторија
Со доаѓањето на ладните есенски денови и дождот многумина се приморани свежо испраните алишта да ги сушат во затворени простории. Меѓутоа, таквото решение, предупредуваат експертите, може да ви предизвика проблеми со здравјето.
Во многу домови поради сушење на облека концентрацијата на влага е и до 30 отсто. Така високо ниво е идеално за развој на грини што доведува до намалување на квалитетот на воздухот. Луѓето кои престојуваат во такви простории можат да развијат чувствителност на разни алергиски заболувања.
Според истражувањето спроведено во 100 домови 2011 година, утврдено е дека 87 отсто од домаќинствата на зима ја сушат облеката во затворени простоирии , додека две третини облеката ја ставаат во близина на радијатори.
Луѓето се обидуваат да ги направат домовите енергетски поефикасни, но забораваат на вентилацијата, вели професор Колин Портеоус.
Професор Ричардс, пак, вели дека вишокот на влага создава услови за појава на мувла, која може да биде видлива за неколку месеци, пренесе Дневно.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борче Давитковски, универзитетски професор
-
Претседателката на албанското собрание во Скопје - средби со Гаши, Ахмети и Филипче
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го деблокира Законот за бранителите
-
Прва средба Муцунски и Герапретритис – Силјановска Давкова од Самитот на ООН бара реформи во организацијата
-
Микродржава по теркот на Ватикан ќе формира албанскиот претседател Еди Рама
-
Од утре се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи
-
СОНК бара зголемување на платите веднаш, во спротивно излегуваат на улица
-
Боди камери за искоренување на корупцијата кај царинските службеници