После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди

После две години, скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди, откако доцна вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје.
-Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје, објави вечерва на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Градот Скопје, како што напиша Ѓорѓиевски, ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие Градот.
-Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење, истакна Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
