После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди

После две години, скопјани ќе добијат субвенции за инвертер клима уреди, откако вчера градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје.
-Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје. Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие Градот. Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
