-->
-->
После 10 години брак и две деца мирно ми кажа - „Не те сакам повеќе!“
-->
Никогаш не сум верувала во љубовни бајки, принц на бел коњ. Веројатно не сум тој, романтичен тип на луѓе. Кога го запознав него, верував дека и тој е реалист и дека ме гледа и ме сака мене, без никакви скриени цели.
Десет години брак поминаа во раѓање и воспитување на две деца. Брак мирен и за мене повеќе за задоволувачки. нема кавги, се познаваме, се разбираме...
Барем така мислев...
Еден ден се вратив од работа, седеше замислен... Често ги имаше тие „свои моменти“ па и не обраќав внимание на тоа додека децата не отидат на спиење.
Видов дека не му поминува тоа расположение и го прашав онака: Што се случува? Добро ли си?
Тој се исправи, трепна и крајно озбилно, без вовед , ми кажа: Јас не те сакам повеќе.
Прво кратко се насмеав, одбранбен механизм изгледа, а потоа се шокирав.
Како гром да ме удри. Главата ми гореше, телото ми се тресеше... Го гледам, а пред очите ми игра сликата. Тој озбилен, стои и молчи.
- Имаш ли некоја, го прашав како од топ.
„Немам“, ми одговори.
„ Не ти верувам“ викнав неконтролирано...
Тој стои и молчи... ме боли тоа што нема потреба ниту да ми објасни. Ниту да се брани, да го брани нашиот брак, десет години!
„Што ќе правиме сега“ го прашав скршено, а со еден дел од мозокот се надевав со сите сили дека ова е сон, дека тој се шегува...
„Незнам... Ќе се преселам, или ти или јас...“ го кажува тоа и понатаму мирно, скршено, озбилно.
„Што се случува? Мора да имаш некоја? Мора да си заљубил? Која е таа, кажи?“
Молчи...
Тоа ми беше потешко отколку што ми кажа дека не ме сака... Чекам, а тој ништо... Не можев од него да извлечам ниту една реченица...
Молчењето трае некое време, а потоа почнува да зборува:
„ Пробав да сетам зашто те сакам, но не можам. Не постои друга жена. Едноставно, љубовта исчезна! Знам дека имаме деца и се тоа, но кон тебе не чувствувам ништо. Не можам да живеам со тебе. Едноставно не можам да се будам покрај тебе“ раскажа некако тивко.
Секој збор, за мене носи шок! Кој е овој човек? Дали е ова реално? Што се случува?
Никогаш не мислев дека сум фатална жена, но дека за своите години изгледам пристојно. Не гледам други мажи, па и не приметувам дали некој ме гледа мене, но кога ќе се погледнам во огледало изгледа дека „добро се држам“.
Што се однесува за нашата врска, романтиката никогаш не ни беше јака страна. Уживав во реалноста на нашата заедница. Бракот и децата за мене беа се, ми значеа сигурност.
Сето тоа почна да пука, да се прекинува, а јас нема ништо за што би се фатила за да се спасиме, да преживееме...
Поминаа деновите како во магла. Објаснете им на децата, па на родителите дека веќе ништо не е исто.
„Зошто?“ стана најтешкото прашање со кое луѓето ме бомбардираа... Решив да се преселам со децата. Куќата му ја оставив. Ми беше полесно да почнам неге од почеток.
Изнајмивме стан во близина на основно училиште и започнавме нов живот. Сетоа тоа мене ми личеше на сон, на кошмар...
Од ден на ден чекав да слушнам нешто за него и некоја си „жена“, но залудно. Тој живееше сам, одеше на работа и продолжи со својот вообичаен живот.
Помина една година откако се случи тоа - неговото „големо признавање“, а мене и сега би ми било полесно од него да слушнам дека имал некоја, дека се заљубил, дека имал било каква причина да престане да ме сака... Но тоа никогаш не се случи...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка