Поскапуваат дизел горивата

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 71, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 70 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 75,5 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,984 отсто, кај дизелот за 4,458, кај екстра лесното масло за 4,405 и кај мазутот за 3,47 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4692 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
-

Рокас: Реформите напредуваат
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
