Поскапуваат бензините и дизелот
Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува. Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 0,426 денари.
ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава по 81,50 денари за литар, а дизел горивото по 73,50 денари за литар. Екстра лесното мало ќе чини 73 денари за литар, а мазутот 45,285 денари за килограм.
Со Одлуката на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 8.01.2025 година.
Ново на Сител
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила