-->
-->
Поскапува училишниот превоз во Делчево
-->

Општина Делчево донесе нов ценовник за линиски превоз во кој е вклучен и транспорт на учениците. Новите цени кои беа претставени пред делчевските советници, како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, се резултат на тоа што превозниците не пројавиле интерес да вршат превоз по стари цени.
-По објавениот тендер кој го имавме немаше заинтересирани превозници, моравме да пристапиме кон зголемување на цените, односно промена на одлуката од 2005 година, за да може да постигнеме кај тие превозници да се јават да можеме да го организираме превозот на учениците, истакна Трајковски.
Според советник од опозицијата Сашко Ивановски, ова покачување ќе значи финансиска блокада за училиштата.
-За неколку години со ова покачување ние ќе дојдеме во ситуација во каква што беа пред пет – шест години училиштата. Да работиме само за основните потреби и да можеме да го подмириме превозот на превозниците, истакна Ивановски.
Николинка Мавродиева – Петровска од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, истакна дека покачувањето на превозот, се однесува на одредени линии и,нема да влијае на вкупната сума за превоз на ученици.
-По новите цени и новите тарифи, вкупната сума за превоз на ученици во новата учебна година би бил три милиони и 69 илјади денари што значи дека ќе биде во рамки на дотацијата која е предвидена за превоз во училиштата која според податоците во училиштата изнесува три милиони 207 илјади денари, рече Мавродиева – Петровска.
Минатата година за превоз на учениците во Делчево биле одвоени 2,9 милиони денари кои биле наменети за вкупно седум линии кои се организираат за превоз на ученици од околните места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина
-

Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
