Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
– Цената на дизел горивото и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, а мазутот поевтинува за 0,137 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 81 денари за литар, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 79 денари за литар, а Мазутот М-1 НС ќе чини 39,233 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 76, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78,5 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,374 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,445 отсто, кај екстра лесното масло зголемување за 1,59 и кај мазутот зголемување за 0,081 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во е понизок за 0,171 отсто.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
