Македонија
1. November 2016 - 14:02

Поштар од Кавадарци ограбувал пратки

Полицијата од Кавадарци поднесе кривична пријава против лицето С.Д. (43) од Кавадарци - вработен во ЈП „Македонска пошта“ Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,проневера во службата“.
 
На 11.02.2016 година, пријавениот во својство на службено лице, задолжен да достави пратки, присвоил пари во вкупен износ од 8.343 денари, кои му биле доверени во службата.
 
Со тоа пријавениот го оштетил лицето С.А. (56) од с.Ресава.