Посетителите на Западен Брег нема да треба да пријавуваат во каков однос се со Палестинци
Израел, наводно под притисок на САД и европските влади ги измени прописите за влез на странци во Западен Брег и тие нема да треба да го пријавуваат нивниот однос со Палестинците.
Одделението во израелското Министерство за одбрана (ЦОГАТ), задолжено за палестинските цивилни работи, во февруари објави нацрт-прописи за влез на странци во Западен Брег, кои требаа да стапат во сила во јули, но го одложи Врховниот суд и сега ќе стапат во сила на 20 октомври.
Во новиот документ отстрането е барањето странците кои влегуваат на окупираната територија Западден Брег да мора да ги известат израелските власти во рок од еден месец за веридба, венчавка или за почетоко на заеднички живот со Палестинци.
Новиот нацрт овозможува продолжување на визите за странците од 90 на 180 дена и отстранети се ограничувањата за предавачите посетители и студентите на палестинските универзитети, а претходно нивниот број беше ограничен на сто професори и 150 студенти годишно.
Ново на Сител
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините