Македонија
3. December 2015 - 19:14

Посета на премиерот Груевски на прилепскиот регион

Жителите на прилепско Беровци добија модуларно училиште за најмладите и сега нема потреба децата да ги носат во Прилеп или во Крушево за таму да посетуваат настава.

Граѓаните  искажаа големо задоволство што премиерот Груевски најде време од напорната агенда да ги посети жителите на Беровци и да разговара за нивните потреби.

Едно од барањата беше и обезбедување на градинка за жителите, при што градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески напомена дека тоа веќе се обезбедува преку ставање во функција на целосно реновираните простории на старото училиште, а освен тоа наредната година ќе биде изградено и ново игралиште за дечињата.

Исто така беше решено да се догради и прошири канализацијата во Беровци за уште 15 куќи со што целото село ќе биде опфатено со ова канализациона мрежа, а иста таква се гради и во Канатларци, Мало и Големо Коњари .