Посебен режим на сообраќај во Скопје
Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на трките „Колорран 2022“ и „Гран Фондо Скопје 2022“.
Трката „Колорран 2022“, организирана од атлетски клуб Korrunners, ќе почне во 08.00 часот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по булеварот „Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по булеварот „Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по булеварот„Гоце Делчев“, лево по улицата„Беласица“ до стартно-целната позиција.
Во организација на Велосипедската федерација на Македонија, утре од 10.00 часот ќе се одржи велосипедска трка „Гран Фондо Скопје 2022“.
Трката ќе се одвива по следнава траса – старт од булеварот „Илинден“ кај паркингот на Зоолошка градина, право по булеварот „Илинден“ кон булеварот „8-ми Септември“ каде на крстосницата се врти назад по булеварот „Илинден“ преку мостот „Гоце Делчев“, право по булеварот „Гоце Делчев“ се вози до крстосница со улицата „Филип Втори Македонски“.
Понатаму, се врти назад по булеварот „Гоце Делчев“, пред мостот „Гоце Делчев“ се врти десно по улицата „Самоилова“ околу Кале до Амбасадата на САД и се продолжува право по улицата „Лазар Личеноски“ се до булеварот „Гоце Делчев“ каде се врти десно преку мостот и се до целта каде е и стартната позиција, кај паркингот на Зоолошка градина.
Од МВР соопштија дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
