Посадете Божиќна пченица, Свети Никола е вистинскиот ден за тоа

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува со семејството како и со одење на црковна богослужба.
Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза е централен настан. Задолжително се пали кандило и се крши погача. Но на масата мора да има уште еден од големите симболи на христијанскиот празник - Божиќно жито.
Иако пред Божиќ може да се купи речиси сегаде, пожелно е самите да го засадите.
За да израсне до Божиќ треба на време да се посади. Треба да биде зелно и бујно, зошта такви ќе бидат и жетвите во текот на годината, вели старото верување.
Пченицата се сади на празникот Свети Никола, на 19 декември кај православните, а кај католиците на 13 декември на денот Света Луција.
За садење потребни ви се рака пченица и чинија во која ќе ја посадите.
Во плитка чинија ставете земја, а на неа наредете ја пченицата, која стоела во вода во текот на ноќта. Одозгора покријте ги зрната со уште малку земја, која секој ден ќе на наводенувате, односно прскате со вода на собна температура.
Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само треба да се распоредат на дното на чинијата, така што целосно ќе се прекријат.
Се остава од работ на садот најмалку 1 см., зошто пченицата со никнувањето се шири. Се полева умерено. Најдобро е само да се прска со вода, два пати дневно.
Може во средината на садот да се остави простор во кој подоцна ќе се стави свеќа.
Пченицата која сте ја посадиле можете да ја прекриете со памучна ткаенина натопена со вода. Се става врз чинијата, за да може зрната рамномерно да набабрат и да добијат доволно влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци, ткаенината треба да се тргне за да може пченицата без проблеми да никнува.
Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици, за да биде рамно, зошто понекогаш расте нерамномерно.
На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.
Ново на Сител
-

Жељазков го врати неисполнетиот мандат за формирање влада веднаш откако го доби од претседателот
-

АЕК треба да донесе одлука за најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор
-

ЕУ најверојатно останува без место во „Одборот за мир“ за Газа на Трамп
-

Ѕвездите на „Адолесценција“ блеснаа во ноќта на „Златните глобуси 2026"
-

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија
-

Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување
-

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз

