Португалската министерка за Европа: Македонскиот јазик бил дел од бугарскиот
Државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Пола Закаријаш, изрази надеж дека изборите во јули ќе донесат решение за ветото на Бугарија за започнување на преговорите за членство на ЕУ со Македонија.
Закаријаш истакна дека позицијата на Бугарија мора да се почитува и да нема несогласувања во ЕУ.
– Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ кој ќе им помогне да работат заедно, и Бугарија да има гаранции дека кога Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат непречено. Македонија помина низ тешки преговори со Грција – запомнете дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Бугарија има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат своите резултати пред да одлучат како да постапат – рече таа пред новинарите во Лисабон.
Министерката Закаријаш го опиша како „важен момент“ да не се донесат несогласувања меѓу двете земји во ЕУ:
– Ние мора да ја почитуваме бугарската позиција и тоа го сторивме. И важно е да не се воведат несогласувања и проблеми во ЕУ меѓу две земји. Ние сакаме тие да бидат решени пред некоја земја да влезе во Европската унија. Затоа не можеме да отпочнеме, затоа што мораше да и дадеме време на Бугарија да го реши ова со Македонија пред да ја свикаме меѓувладината конференција ,
Закаријаш рече дека Бугарија е исто така под притисок да најде компромис:
– Тука постои рамнотежа, затоа ние извршивме притисок и врз Бугарија, затоа што ставивме добар предлог на маса – да се разгледа, да се види дали може да проработи. Ние исто така работиме со Македонија и се обидуваме да видиме дали ќе дојде време кога можеме да се согласиме за ова.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира
-
Таксист добил срцев удар додека превезувал патник откако му се слошило удрил во дрво
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан