Портокалови алигатори повторно се појавија во САД
Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет.
Необичната боја на животните повторно предизвика лавина реакции и шеги на социјалните мрежи, па некои сметаат дека тие се всушност поддржувачи на претседателот на САД, Доналд Трамп, или пак навивачи на еден од тимовите во лигата на американското рагби.
Посериозните теории, сепак, посочуваат дека можеби портокаловата боја на алигаторите е резултат од загадувањето на водите во атлантското приморје. Но стручните лица смируваат, тврдејќи дека објаснувањето на феноменот е поедноставно…
– Најверојатно, за време на хибернацијата алигаторите били во близина на некој ’рѓосан предмет, на пример – во стара дренажна цевка, посочи Дејвид Лукас, портпарол на Одделот за природни ресурси на Јужна Каролина.
– Истиот ефект ќе го добиете ако ја ставите раката во ’рѓосана кофа со вода, додава тој.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро