-->
-->
Порошнеко: Русија го засили военото присуство на границата со Украина
-->
Русија драстично го засили своето воено присуство на границата со Украина, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.Тој предупреди дека во вакви услови постои опасност од „тотална војна“ меѓу Украина и Русија.
– Бројот на тенковите во (руските) бази, што се наоѓаат на нашата граница, се зголеми тројно, истакна Порошенко.
Според него, во исто време, драстично е зголемен и бројот на руските војници распоредени долж границата со Украина.
Тензиите во односите меѓу Москва и Киев екслаираа во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.
Суд во градот Симферопол на Крим денеска им одреди притвор од два месеци на 12 од 24-те украински морнари, под обвинеие за илегално преминување на границата со закана за насилство. Останатите 12 задржани украински морнари ќе бидат изведени пред Судот во текот на утрешниот ден.
Претходно денеска, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли идејата за меѓунеродно посредување во спорот меѓу Русија и Украина.
– Не гледам никаква причина за какви било посредници, изјави Лавров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
-

МЖСПП најавува нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисииа носи построги правила за индустријата
-

Поднесено обвинение против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
-

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
