Поројните дождови ја заматија водата од регионалниот водовод Лукар

Поројните дождови ја заматија водата во регионалниот водовод Лукар, а поради нејзино филтерско перење дојде до помал проток на вода и намален притисок на вода за пиење во водоводниот систем во градот.
Вака денеска го објасни помалиот притисок на вода за пиење во градските чешми, раководителот на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци, Марјан Прескакулев.
- Заради заматената изворска вода како последица на обилните дождови, филтрите за перење на водата работеа повеќе и не пропуштаа доволно чиста вода за пиење во водоснабдителниот систем. Филтерските постројки подолго беа на перење заради исфрлање на нечистата заматена вода и пропуштање само на чистата вода за пиење. Ги информираме граѓаните дека проблемот е надминат и дека нема повеќе да има намален притисок на водата за пиење во водоводните цевки, појасни Прескакулев.
Тој нагласи дека во иднина градот ќе има нормално водоснабдување со чиста вода за пиење.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
