Пороен дожд го поплави граничниот премин „Капетан Андреево“-Капикуле, на бугарско-турската граница
– Поплавен е најголемиот граничен премин на бугарско-турската граница- „Капетан Андреево“ – Капакуле, јави дописникот на МИА од Софија, додавајќи дека причина за тоа е обилниот дожд, што доцна синоќа го зафати овој регион и беше пропратен со ветер и грмежи. Граничниот премин наликува на езеро со длабочина од речиси 30 сантиметри
Поради обилните врнежи во регионот на турскиот град Едрене, поплава има на граничниот премин Капакуле, што доведе до прекин на работата на преминот кон Бугарија.
Рано утрината е обновено движењето на автомобилите и камионите кои патуваат од и кон Бугарија и Турција. Се уште е потешко минувањето на патничките возила низ излезната точка од Турција, соопшти Генералниот конзулат на Република Бугарија во Едрене.
Заглавените возила во поплавата во текот на ночта беа извлекувани од влечните служби.
Министрите за одбрана и за внатрешни работи на Бугарија Димитар Стојанов и Иван Дерменџиев вчера го посетија подрачјето на градот Карлово во централниот дел на Бугарија, каде исто така во петокот имаше силен дожд, а беше наредено два воени хеликоптери „Кугар“ да евакуираат луше од блиските села, а на други да им достават храна.
Поплава имаше во двата големи града на реката Дунав во североисточниот дел на Бугарија – Русе и Добрич. Во Добрич луѓето се евакуирани од своите домови поради силниот дожд. Поплавени се дворови од куќи, улици и булевари, а има и заглавени автомобили. Во Русе се врши чистење на улиците од водата, по обилните врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка