Свет
10. May 2016 - 11:06

Породилното во САД, напредок на ниво на државите

Додека во САД не е ни на повидок федерален закон кој би налагал задолжително платено поридилно отсуство, некои држави меѓу кои и Њујорк, самите се позанимаваа со тоа прашање.

Додека САД се единствена развиена земја на светот која не нуди платено породилно отсуство на новите мајки, двајцата кандидати кои моментално се борат за демократската претседателска номинација се залагаат за национален стандард од 12 недели платено породилно отсуство.

Меѓутоа, тоа не е нов предлог. Претседателот Барак Обама повика на платено семејно отсуство во својот говор за состојбата на нацијата во 2015 година, но му се спротивставија некои републиканци во Конгресот. Па сепак, остварен е напредок на ниво на поединечни држави. Њујорк е една од трите држави која не чека на федералниот закон за породилно отсуство.

Во САД, не е необично мајката по породувањето да даде отказ на работа. Сем има само девет месеци, а неговата мајка Лора се плашела од самата помисла да се врати на работа.

„Можев да поминам само шест недели со детето, а тоа едноставно не е доволно. Ми требаше да најдам некој да го чува, но цената на градинките во Вашингтон е многу висока. Не би заработувала доволно да го покријам трошокот за градинка‟.

Додека во САД не е ни на повидок федерален закон кој би налагал задолжително платено поридилно отсуство, некои држави меѓу кои е Њујорк, самите се позабавија со тоа прашање. Новиот закон во Њујорк гарантира на жените 12 недели платено породилно отсуство. Њу Џерси плаќа на жените 67 проценти од редовната плата во тек на шест недели отсуство. Калифорнија покрива 55 отсто во тек на шест недели, а Род Ајленд покрива четири недели.

Ако живеете во тие четири држави, покриени сте и се квалификувани за платено отуство, но ако живеете во остатокот на САД, се зависи од тоа дали вашиот работодавец доброволно ги нуди тие бенефиции, бидејќи нема никаква национална програма која би овозможила надомест на плата во текот на отуството.

Демократските претседателски кандидати Хилари Клинтон и Берни Сандерс се залагаат за национална програма која би гарантирала на родилките 12 недели платено отсуство. Тоа е напредок во однос на Законот во приватниот сектор, во компании со над 50 работници, гарантира дека ќе може да се вратат на работа по отуството, кое меѓутоа не им е платено. Критичарите велат дека тој закон се однесува само на 60 отсто нови мајки, бидејќи само 60 отсто работници се квалификуваат по тие основи, а многу нови мајки не можат да си дозволат да земат слободни неплатени денови.

„САД се уште не се соочиле со фактот дека многу жени денес работат. Нашите закони за труд се усвоени пред многу години кога семејствата изгледале сосема поинаку. Денес многу жени работат, многу мајки работат, па дури и многу мајки со сосема мали деца се дел од платената работна сила‟ - наведува Сара Џејн Глин од Центарот за американски напредок.

Па сепак, некои компании пружаат не само платено породилно отсуство, туку и платено отуство за татковците. Џо, кој неодамна станал татко, воодушевен е што има шест недели платено отуство.

„Мислам дека работодавците одлучуваат дали ќе не платат или не, но најдобрите работодавци денес тоа го прават. Тоа е добро за вработените, што значи добро и за компанијата‟.

Противниците на законот за платено породилно отсуство, пак, сметаат дека е лош за бизнисот затоа што е премногу е скап.

„Малите компании не можат да си дозволат таков товар. Исто така, малите компании не можат да дозволат зголемување на данокот‟.

Меѓутоа, тие што се согласуваат со идејата велат дека цената на платеното породилно отсуство е многу мала во однос на користа за семејството.

„Да се биде дома со децата веројатно е најтешка работа. Треба да се добие полна плата, исто како да одат на работа‟ - вели овој татко од Вашингтон.