Џет-Сет
10. October 2018 - 22:34

Порноѕвездата Миа Калифа со видео по повод 11-те милиони следачи

Поранешната порноѕвезда Миа Калифа пред неколку години се повлече од филмовите за возрасни, но никогаш не ги заборави своите обожаватели на Инстаграм и речиси секој ден ги чести со слика од себе.

Миа Калифа

Така, последното нејзино видео таа го објави по повод бројката од 11 милиони следачи на оваа социјална мрежа.

- Единаесет милиони следачи, уау! Ви благодарам на сите! Ве сакам сите и тоа е целосна лага, оти некои се од најлош пример на човечкиот вид во вселената. Но, еве снимка што во целост ја опишува мојата моментна состојба, напиша Миа под снимката на која пее и игра само во широка наметка, која малку и се подотвора.

миа калифа

Нејзините „најверни“ следачи нескриено коментираа дека се надевале дека наметката целосно ќе падне.