Порно скандал го тресе Собранието: Пратенците може да си гледаат порно!?
Верувале или не секој пратеник и вработен во српското собрание може слободно на работното место да гледа порно филмови на интернет, а притоа да не биде фатен, казнет или барем опоменат.
Како што пренесува Информер, потврдено им е дека во парламентот никој не може да контролира што сурфаат пратениците и дали посетуваат сајтови за возрасни. Додека во другите државни институции речиси сите фирми администраторите секако дека контролираат дали некој во работно време гледа порно филмови.
-Службата на Народната Скупштина не располага со уреди со чија помош може да се следи користењето на интернетот во објектите на парламентот, односно содржините кои ги пребаруваат корисницитем се наведува во пишаното соопштение од законодавниот дом.
Драгољуб Рајиќ од Мрежата за деловна поддршка вели дека е несфатливо така сериозна институција да не го контролира користењето на интернетот.
-Ова значи дека секој моше да ги користи собраниските компјутери за сопствени интереси, некаква злоупотреба или порно разонода. Тоа е недопустливо и сериозен проблем, вели тој.
Ново на Сител
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка