Порно глумицата Миа Калифа заминува во „пензија“
Либанката Миа Калифа (23), најпознатата порно глумица на денешнината или, како што гласи нејзиниот епитет - „Кралица на Порнхуб“, ги растажи љубителите на овој жанр со тоа што реши да се повлече од овој бизнис.
- Ми здодеа. Тоа беше веројатно мојата „бунтовничка фаза“. Порно филмовите веќе не се за мене. Сега сакам да го подобрам својот имиџ и да се оттргнам од сето тоа, рече актерката за „Вашингтон пост“.
Таа сега ќе се посвети на спортот. Има намера да ја искористи својата слава и популарноста на социјалните мрежи во полза на промовирање и популаризирање на нејзините омилени спортски клубови.
Миа, која во САД се доселила како тинејџерка, е една од најомилените, најбараните, најпребаруваните порно ѕвезди, но и една од најомразените. За разлика од остатокот од светот, во нејзината родна земја Либан таа е доста непопуларна.
На многумина им е тешко да поверуваат дека оваа млада актерка се занимава со овој занает само една година, и за тоа време постигна планетарна популарност.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат