-->
-->
Порно филмови тајно сокриени на YouTube: Пиратите го надмудрија Google со многу едноставна финта
-->
Благодарение на една едноставна финта, пиратите им овозможија на луѓето да ја заобиколат контролата на сексуалната содржина и бесплатно да ја користат популарната мрежа за видео хостинг.
YouTube има строги правила за забрана на сексуална содржина и пиратски видеа, што значи дека таквите снимки не би смееле да бидат достапни за корисниците. Сепак, пиратите пронајдоа начин за заобиколување на тие ограничувања, што значи дека започнаа да ги користат хостинг услугите на Google без симнување на спорните снимки, пренесува Independent.
Вообичаено, YouTube има низа на контроли со кои што се спречува објавување на таквите содржини. Првиот меѓу нив е таканаречениот Content-ID софтвер кој што го скенира видеото и го споредува со другите снимки за да се утврди дали содржината е заштитена со авторски права. Освен тоа, се користат и пријави на корисниците и администраторите за злоупотреба за поефикасна идентификација на „проблематичните содржини“.
Но, пиратите пронајдоа начин за да го заобиколат тој чекор: Го аплоадираат видеото, но не го објавуваат јавно, што значи дека со тоа можат да го добијат кодот кој можат да го вградат на своите интернет страници.
Тоа всушност значи дека тоа видео на корисниците ќе им го испорача Google, но нема да може да се види на YouTube, ниту ќе биде воочено од администраторите или системот за проверка на содржина.
Со оглед на тоа што видеото може да биде вградено на интернет страниците, пиратите можат да го користат за зголемување на своите приходи од огласувањето, а притоа сета содржина да биде сместена на серверите на Google. Мора да се нагласи дека видео хостингот на Google освен тоа што е најстабилен – целосно е бесплатен.
Оваа финта не се користи само за порнографските видеа, туку и за цела низа на останати пиратски содржини кои што нормално не се дозволува да бидат објавени на YouTube.
Иако YouTube ја брише таквата содржина веднаш откако ќе биде воочена, а обично тоа го пријавуваат сопствениците на тие снимки, сепак поради тоа што видеата се сокриени, обично поминува долго време додека бидат отстранети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација