Порно актерката Оливија Луа најдена мртва – петта за три месеци
Оливија Луа е петтата актерка во порно филмови која почина во изминатите три месеци. Проблемите со дрога и алкохол, како и долгогодишната борба со ментални болести и справување со злоставување се главните причини за самоубиство или случајно предозирање на актерките од порно индустријата.
Луа, која работеше под името Оливија Волтер, починала завчера, на 23-годишна возраст.
Нејзината агенција „LA Direct Models“ соопшти дека Луа починала додека била на рехабилитација од зависност од дрога.
Оливија не снимаше филмови од октомври минатата година поради лични проблеми, а три месеци помина на клиника за одвикнување од дрога.
„Пред еден месец излезе од рехабилитација, сакаше да се врати на работа во почетокот на годината. Денеска дознавме дека повторно почнала да се дрогира, откако минатата недела повторно се пријави во друга клиника’, велат од агенцијата.
Нејзините пријатели и семејството биле загрижени за количината лекови што ѝ биле препишани на актерката и опасноста што би можела да произлезе од нивното користење. Причината за смртта најверојатно била фатална комбинација на лекови и алкохол.
Во изминативе три месеци починаа порно актерките Аугуст Ејмс, Шајла Стајлз, Оливија Нова и Јури Лав.
Експертите за ментално здравје излегоа со теорија зошто толку многу млади девојки од порно индустријата завршуваат фатално.
„Скоро 90% од жените во порно индустријата кажале дека сакаат да побегнат од тој живот, но немаат друг начин за преживување, додека 70% од нив патат од посттрауматски пореметувања. Нивното ниво на стрес е исто како кај воените ветерани“, вели психијатарот Стиве Мекеун.
„Додека жените од други професии излегуваат јавно и зборуваат дека биле сексуално нападнати или силувани, порно актерките сметаат дека ако проговорат за тоа ќе бидат осудувани, дека не може друго да очекуваат ако го работат тоа што го работат“, вели Гејл Дајнс, авторка на книгата „Порноленд: Како порно индустријата ми ја одзеде sексуалноста“.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори