-->
-->
Пораз на Македонија за крај на квалификациските маки
-->
Македонската кошаркарска репрезентација загуби во Солнок од домашната репрезентација на Унгарија со 63:61 и со четири загубени натпревари и само две победи против Луксембург во Г-групата неуспешно ги заврши квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.
„Црвено-жолтите“ денеска одиграа добро само еден дел од првата четвртина која ја добија со 25:18, а потоа Унгарците беа подобри. Во вториот период со 14:12, во третиот со 14:9, а во последниот со 17:15.
Најефикасни во нашиот национален тим беа Александар Костоски со 18, Марјан Јаневски со 14 и Војдан Стојановски со 10 поени.
Вечерва во 19:30 часот Луксембург е домаќин на Велика Британија во вториот натпревар од 6.коло во оваа група.
Пред комплетирање на последното коло Унгарија е прва со максимални шест победи, Велика Британија има ефект 3-2, Македонија 2-4 и Луксембург 0-5 (победи-порази).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат