Пораст на невработеноста во Хрватска
На крајот на август годинава, во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување се регистрирани 151.368 невработени лица, што претставува намалување за 0,04 проценти на месечно ниво и зголемување за 32,2 проценти на годишно ниво, соопшти Заводот.
Во август, бројот на невработени падна во споредба со јули, а намалувањето, според дневните податоци на веб-страницата на Заводот, продолжува и во септември, бидејќи во Бирото во моментов има 146.920 невработени, што е за 4.448 помалку од крајот на август, пренесува „Јутарњи лист“.
На годишно ниво, бројот на невработени продолжува да расте со стапка од над 30 проценти.
Така, во август годинава имало 36.870 повеќе лица во Заводот за вработување во Хрватска отколку во август 2019 година.
Според податоците од месечниот извештај на Заводот, во август годинава, вкупно 12.362 лица биле новопријавени во регистарот на невработеност, што е за 9,1 процент повеќе од истиот месец минатата година, пишува „Јутарњи лист“.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
