Пораснаа доларот и биткоинот
Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно дека Доналд Трамп ќе биде избран за следен претседател на САД, а биткоинот достигна рекордна вредност, во услови кога инвеститорите очекуваат потенцијални даночни олеснувања, зголемување на тарифите и пораст на инфлацијата во неговиот втор мандат, јави Би-Би-Си.
Вредноста на доларот се зголеми за околу 1,5% во однос на неколку валути, меѓу кои британската фунта, еврото и јапонскиот јен. Во Јапонија, индексот Никеи 225 заврши со раст од 2,6%, додека австралискиот АСХ 200 затвори 0,8% повисоко. Главните американски берзански индекси, меѓу кои и Дау Џонс, S&P 500 и Насдак, покажуваат тренд на отворање со нагол раст, откако претходно забележаа зголемување над 1%.
Трамп претходно изјави дека има за цел САД да стане „глобална престолнина на криптовалутите”, додека биткоинот достигна нов рекорд од 75.371,69 долари, надминувајќи го претходниот рекорд.
Илон Маск, кој го поддржа Трамп за време на кампањата, и беше посочен како предлог за надзор на државните расходи, исто така имаше успешна ноќ, во која неговите акции на Тесла забележаа раст од 14% на берзата во Франкфурт.
Експертите, сепак, предупредуваат на можни потреси на финансиските пазари, како резултат на неизвесноста што ја носат економските планови на Трамп.
– Мерките на Трамп би можеле да ја зголемат инфлацијата и да предизвикаат пораст на обврзничките доходи, што ќе го притисне Федералниот резервен систем во намерата да ги намали каматните стапки, изјави Линдзи Џејмс, стратег за инвестиции од Quilter Investors, пренесува Би-Би-Си.
– Неговите трговски политики, особено ветувањето за високи тарифи кон Кина, предизвикуваат загриженост во Азија. Политичкиот аналитичар од Moody’s Analytics, Катарина Ел, истакна дека „засилената протекционистичка платформа на Трамп создава посебен страв во Азија.“
Во меѓувреме, Федералниот резервен систем треба да ја објави најновата одлука за каматните стапки, а на глобално ниво се очекуваат и коментарите од претседателот на ФЕД, Џером Пауел.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар