Поранешниот сопруг откри зошто Лепа Лукиќ нема деца
Вториот сопруг на кралицата на српската народна музика Влада Перовиќ ја открива тајната за која неговата сопруга со години не сакале да зборува.
Лепа Лукиќ во кариерата постигна се, па поради специфичниот глас и безвременските хитови доби титула на кралица на народната музика во Србија, но во приватниот живот страдала што немала деца, па мајчинската љубов им ја давала на дечињата во своето опкружување.
Легендарната пејачка во интерјуата изјавуваше дека нема наследник поради здравствени проблеми, меѓутоа нејзиниот втор сопруг Влада Перовиќ за српски Курир открива дека Лепа не можела да стане мајка поради лекарска грешка при абортус.
-Пред да стапиме во брак, Лепа имаше абортус. Лекарите не го изведоа добро зафатот, имаше компликации потоа, и од тогаш повеќе не можеше да забремени. Мене не ми пречеше што немаме наследници, зошто навистина ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавност, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго себеси се обвинуваше за сето тоа, ја носеше таа вина на душа со години. Се надевам дека успеа да се избори со тоа, и дека си прости себеси, вели Перовиќ.
И самата Лепа раскажува за својата болка.
-Мајчинството е моја неостварена желба, рак-рана. Кога бев млада, пеев и боледував зошто имав се, само не и среќа. Дури и некои мои песни алудираат на чувствата кои ме обземаа поради тоа страдање, а една од нив гласи: „Живот тужан проводим сама, песме певам често у сузама, песма ми је понос, утеха једина, место ќерке, место сина“, ја открива Лепа својата болка во едно интервју.
Нејзиниот втор маж вели дека животот со Лепа Лукиќ, која во тоа време била најголема ѕвезда на поранешна Југославија и жена по која воздивнувале сите, бил преубав.
-Десет години сум помлад од Лепа и ми импонираше што имав крај себе таква жена. Сакав со неа куќа полна деца, а нејзе и беше тешко што тоа никогаш нема да го има, но се бореше со тоа како лавица и им даваше љубов на туѓите деца. Така често кај нас беше ќерката на Зорица Брунцлик. Лепа ја чуваше и галеше како да е нејзина, си играше со неа, и купуваше се. И девојчето со кое го испеа хитот „Наследница“ и беше како нејзино дете, открива Владимир и додава дека причина за разделбата со пејачката не било тоа што немале деца.
-Се разделивме кога меѓу нас згасна љубовта, кога станавме другари. Таа за мене секогаш ќе биде национален симбол и вечно кралица, порачува Перовиќ.
Весникот не добил коментар од Лепа Лукиќ зошто таа била на пат и не се јавувала на телефон.
Куклата како утеха за бебе
Последните пет години Лепа не се одвојува од црната кукла. Ја крсти Милица и и купува гардероба во продавниците за бебиња. Во неа оваа играчка побуди вистински емоции.
-Секогаш пред спиење ќе ја земам во раце, а кога ќе се вратам од настап, из зборувам: „Отиде мама и го остави бебето, срам да и е!“Понекогаш се однесувам како да е жива, па од време на време, ја вртам на стомак, зошто мислам дека грбот ќе ја боли. Пополнив голема празнина во мојот живот, тоа е најголемиот трофеј кој сум го добила, раскажа Лепа пред неколку години.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб