Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
Мајк Пенс, потпретседател на САД за време на првиот мандат на Доналд Трамп, реагираше на изјавата дека Украина ја започнала војната со Русија.
Трамп вчера, коментирајќи го незадоволството на Украина поради преговорите меѓу САД и Русија, изјави дека Украина го започнала конфликтот. – Денеска слушнав ‘Ох, не бевме повикани.
’ Па, три години сте тука, требаше да го завршите тоа… Никогаш не требаше ни да почнете. Требаше да постигнете договор, рече Трамп.
Пенс реагираше на платформата Икс, потенцирајќи дека вистината е клучна за изградба на мир. „Господине претседателе, Украина не ја ‘започна’ оваа војна.
Русија започна неиспровоцирана и брутална инвазија што одзеде стотици илјади животи. Патот до мирот мора да се гради врз вистината“, напиша Пенс.
Тој ја поткрепи својата изјава со наслов од Fox News од 24 февруари 2022 година: „Русија започна инвазија на Украина во најголемиот европски напад од Втората светска војна“.
Ново на Сител
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица