Поранешниот пакистански премиер Кан обвинет за тероризам

Пакистанската полиција го обвини поранешниот премиер Имран Кан за тероризам, објави денеска британската телевизиска мрежа Би-Би-Си .
Кан беше обвинет по јавниот говор во кој тој тврдеше дека властите го мачеле неговиот близок соработник Шахбаз Гил, кој претходно беше приведен под обвинение за бунт.
Во саботата, Кан зборуваше против началникот на полицијата и судијата во Исламабад, поради притворањето и наводното малтретирање на неговиот партиски колега. „Треба и вие да се подготвите бидејќи ние ќе преземеме акција против вас“, рече Кан.
Тој беше обвинет за кршење на антитерористичките закони бидејќи наводно во говорот им се заканувал на владини претставници. Кан се уште не го коментирал обвинението.
Стотици поддржувачи на поранешниот премиер се собраа пред неговата куќа во Исламабад во знак на поддршка.
Политичките сојузници на Кан денеска предупредија дека неговото апсење ќе ја премине „црвената линија“. „Ако Имран Кан биде уапсен… ќе го преземеме Исламабад“, напиша на Твитер поранешниот министер во кабинетот на Кан, Али Амин Гандапур.
Полицијата која била присутна на местото на настанот изјавила дека не дошла да го уапси поранешниот лидер, туку да го одржува редот и мирот.
Поранешниот пакистански премиер беше сменет на почетокот на април со гласање недоверба во парламентот.
Дотогаш ниту еден пакистански премиер не беше сменет од власт на овој начин.
Оттогаш, Кан е остар критичар на актуелната влада. И покрај неговата смена, тој сè уште има поддршка од голем број Пакистанци.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
