Балкан
9. January 2018 - 15:15

Поранешниот лидер на Гробари - Кими открива кои се Хрватите и што се случи на 156. дерби помеѓу Партизан и Ѕвезда

Поранешниот лидер на навивачката група на Партизан, „Гробари“, Милош Радисављевиќ познат како Кими, по подолго време повторно се врати на трибината каде што се најверните навивачи на „црно-белите“. Тој беше на трибината на кошаркарски меч на Партизан против Задар. Кими реши да објасни што е целата ситуација и зошто се случија нередите на 156. дерби против Црвена Звезда. 

Пред еден месец на стадионот на Партизан, имаше големи нереди во кои учестуваа две фракции на навивачки групи, за превласт на трибината. Во целата ситуација, најдебелиот крај го извлекоа хрватски платеници, кои на крајот беа претепани и речиси голи исфрлени од трибината. 

-Бев на Запад, а тоа што се случи на Југ беше израз на незадоволство на вистинските навивачи. Сега и градовите се делат на тие кои се со нас и тие против нас. Јас на сите Гробари им велам да не ги слушаат тие лаги. Ние не сакаме војна и не сакаме да се тепаме со браќата Гробари. Се надевам дека наскоро сите ќе бидеме на иста страна. Проблем се само неколку луѓе кои немаат врска со навивањето, а соработуваат со полицијата. Сега сите зборуваат како Кими се вратил, но јас сум небитен во оваа приказна. Вани се само Гробари и Партизан, вели Кими во интервју за Балкан Инфо.

Популарниот водич на Партизан, вели дека воопшто не знае од каде се појавиле хрватските платеници на трибината и што правеле тие во тепачката.

-Немам врска кои се тие, а не ни можам да претпоставам како завршиле на трибината. Некои од уапсените ги познавам и тие се вистински навивачи, но не знам од каде Хрватите завршија таму. Нема тоа врска со никаква борба за превласт, туку тоа е последица на бес и гнев кој се собира поради тоа што се случува со години. Сега на трибината главни се луѓе кои прв пат се појавија на 30-40 години и немаат никаква врска со Партизан, објаснува Кими, кој е дел од оние кои се во „опозиција“.

Некогашниот водич на опасната група „Алкатраз“ вели дека сегашните лидери на оваа група воопшто не се вистинските луѓе, туку тоа се дел од навивачи кои некогаш биле фанови на Црвена Звезда, а сега се дел од водичите на „Гробари“.

-Алкатраз уште е жив и така ќе биде додека има барем двајца навивачи од оваа група. А има многу повеќе. Алкатраз не е тоа што сега се прикажува на Југ. Тие само го украдоа името. Тоа се Јаничари, додаде Кими, кој се чудеше како играчите носеле маица од убиениот навивач Сале Мутави, бидејќи тој воопшто не бил легенда за да добие таква чест.

Сале Мутави кој беше убиен минатата година беше еден од водачите на групата која е контра групите кои ги претставува Кими. Убиениот пред да биде водич на Гробари, бил навивач на Црвена Звезда.

-Катастрофално беше тоа што играчите носеа маица со неговиот лик. Кој е тој? Умирале и многу поголеми Гробари, па тоа не се правело. Тој се појави од никаде и за три месеци стана легенда, додава Кими во интервјуто.

Целото интервју на Балкан Инфо погледнете го тука.