Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се вработи и ќе пишува колумни за Дејли Меил
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон и се враќа на новинарската кариера и ќе пишува колумни за Дејли меил.
- Џонсон, кој поднесе оставка како пратеник минатата недела, откако истрагата покажа дека намерно го лажел Парламентот за партиите за време на заклучувањето на Ковид-19, секоја сабота ќе пишува колумна за Дејли Мејл, пишува весникот.
Откако поднесе оставка како премиер минатата година, Џонсон, еден од најпознатите и најконтроверзни британски политичари заработи милиони фунти од држење говори.
Џонсон ја започна својата кариера како новинар, но беше отпуштен од Тајмс поради измислување цитат. Потоа пишуваше за Дејли телеграф, каде како дописник од Брисел ја критикуваше Европската Унија во живописни текстови, кои не беа секогаш точни. Потоа паралелно се занимавашњ со новинарство и политика како уредник на магазинот Спектатор и пратеник во Парламентот, а пред да стане премиер имал редовна колумна во Дејли телеграф.
Ново на Сител
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР