Поранешниот адвокат на Трамп соработува со истрагата за евентуално мешање на Русија во американските избори
Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, во неколку наврати бил испрашуван од тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер околу претпоставеното руско мешање во претседателските избори во САД, јави Еј-Би-Си њуз.
Коен почнал да соработува со истрагата на Малер околу тоа дали имало тајни договори меѓу штабот на Трамп и Русија за време на предизборната кампања во 2016 година, откако во август се изјасни за виновен за финансиски и банкарски измами.
Коен, под заклетва призна дека го купил молчењето на две жени, порно актерката Сторми Даниелс и поранешниот модел на Плејбој Карен Макдугал за да не соопштуваат за своите врски со Трамп, со цел да не му наштетат при неговиот избор за претседател на САД.
Коен на Твитер напиша дека на специјалниот обвинител му доставил важна информација, но набрзо по објавата, твитот беше избришан. Потоа беше повторно објавен од страна на неговиот адвокат Лани Дејвис.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа