-->
-->
Поранешни министри бараат од ЕУ почеток на преговорите со Скопје и Тирана
-->
Четворица поранешни министри за надворешни работи на Албанија, Грција, Кипар и Бугарија ја повикаа Европската унија веднаш да започне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.Поранешните министри Дитмир Бушати, Никос Коѕијас, Јанис Касулидис и Даниел Митов и порачаа на Унијата да не ги пролонгира преговорите со Скопје и Тирана поради барањата на одредени земји-членки, објави Независната балканска новинска агенција (ИБНА).
– Европската комисија на 29 мај го претстави својот план за политиката на проширување на ЕУ со соодветни извештаи за земјите. Европската комисија ја повтори препораката на Советот да отвори преговори за придружување со Северна Македонија и Албанија врз основа на постигнатиот напредок. Иако политиката на проширување е најуспешна трансформациска политика на ЕУ, таа никогаш не била предмет на толкава амбивалентност внатре во ЕУ, се наведува во соопштението на четворицата министри.
Тие бараат од земјите-членки на ЕУ да ги поддржат препораките на ЕК за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, истакнувајќи дека пристапниот процес дава поголеми можности за збогатување на демократијата, општествено-економскиот развој и гарантирање на правата на граѓаните во секоја земја.
Според нив, ЕУ по пат на набљудување и скрининг ќе помага и дејствува како партнер во овој процес.
– Општествено-економскиот раст на Северна Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ силно ќе придонесе за стабилност, безбедност и развој на демократијата, правда и слобода на медиумите во двете земји, се додава во заедничкото соопштение.
Поранешните шефови на дипломатии на Албанија, Грција, Кипар и Бугарија заклучуваат во документот дека „сите земји-членки на ЕУ, пред се Германија и Франција, да покажат одговорност за иднината на ЕУ и Европа и да ги исполнат своите ветувања. На претстојниот самит треба, без одложување, да се одреди датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
