Поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати: Северна Македонија стана извозник на стабилност и демократија
Со денешната последна сесија на „Охридски дијалог“ на која учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески, заврши годинашната средба на членови на Владата, претставници на Атланскиот совет и поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати, кои низ стратешкиот дијалог работеа на унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.
Дел од темите кои беа анализирани беа и придонесите, но и придобивките на Северна Македонија, што треба да се очекуваат во последните месеци пред станување полноправна членка на НАТО, но и во периодот кој ќе следи.
Говорниците со согласија дека Северна Македонија во последните две години стана извозник на стабилност и демократија. Безбедносните реформи кои беа преземени, како и постојаната работа на унапредување на стабилноста на институциите на системот треба да бидат континуиран напор.
„Охридскиот дијалог“ е во организација на Охридската група, Владата на Република Северна Македонија и Атланскиот совет.
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел