Поранешната јужнокорејска претседателка обвинета за корупција

Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хе е обвинета денеска за корупција поради скандалот кој доведе до нејзина смена од функцијата, а со ваквите обвинувања и се заканува од 10 години до доживотна затворска казна, соопшти јужнокорејското обвинителство.
Парк, чија смена од претседателската функција ја потврди минатиот месец Врховниот суд на Јужна Кореја, сега се соочува со обвиненија за корупција, принуда, злоупотреба на власта и одавање на државни тајни, се наведува во соопштението.
Обвинителството покрена обвинение и против Шин Донг-Бин, директор на групата „Лоте“, петтиот најголем конгломерат во Јужна Кореја, а врз основа на фактот дека на Парк и нејзината советничка Чои Сун-сил им понудил поткуп од шест милиони долари во замена за добивање дозвола за отворање нов фри-шоп.
Парк е отповикана кон крајот на минатата година, а официјално претседателската функција и е одземена минатиот месец. Таа ќе остане во притвор се до почетокот на судскиот процес, кој се очекува во следните недели, а би можел да трае најмногу шест месеци.
Парк (65) е избрана за прва жена претседател на Јужна Кореја во 2012 година, а сега ќе биде изведена пред судија со лисици на рацете, врзана со јаже, а можеби и во затворска облека.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
