Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Форбс“ за овој месец, како најмлада жена на листата на најбогати Американци.
Снајдер има 36 години и над три милијарди долари богатство, што го наследила од татко и, кој се предозирал со лекови во 1999 година.
Но, како што објави „Дејли Мејл“. животот не бил секогаш благонаклонет кон богатата наследничка, која во минатото била зависник од алкохол,
Снајдер сега е на чело на Управата на синџирот ресторани „Ин-енд-Аут".
Во јубилејниот „Форбс 400" Снајдер говори за своето мрачно минато, како и за трите разводи.
- Тоа беше црн период во мојот живот. До 22-та година веќе бев на дното, изјави таа.
Моментно е омажена за четвртиот сопруг Шон Елингсон. Линдзи вели дека рехабилитацијата, но и грешките со мажите, ја направиле посилна жена, каква што е денес.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
