Поранешен затвореник го признал убиството на чешките туристи во Албанија
Во акцијата во која беа вклучени над 300 локални полицајци, како и припадници на специјалните полициски единици и снајперисти, вчера попладне уапсен е осомничениот за убиството на двајцата чешки туристи.
- По утврдувањето на идентитетот на осомничениот врз основа на ДНК анализа на остатоците од крв во автомобилот на чешките државјани, како и отпечаоците од рацете пронајдени на возилото, потврдено беше дека главен осомничен е Сокол Мјацај (20) од селото Лотај, кај Дукаѓини. Од досегашните сознанија главна цел му била да ги ограби, но кога тие се спротивставиле тој почнал да пука, соопшти од полицијата.
Мјацај бил уапсен во селото Груде е Ре. При апсењето барал гаранција од полицијата дека нема да го убие и физички малтретира.
Тој и бил познат на полицијата. Бил осуден за грабеж и убиство на дете при грабежот извешен во 2010 година, По четири години минати во затвор бил пуштен на слобода пред еден месец.
Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири се заблагодари на полицијата и на жителите на Дукаѓини за, како што напиша на Фејсбук, рекордно брзото апсење на човекот кој можеби сеуште требаше да лежи во затвор за претходното дело, а не да убива повторно.
И директорот на полицијата Хаки Чако се заблагодари на полициските службеници кои учествуваа во акцијата и искажа длабоко сочувство на блиските на убиентите чешки државјани.
- Продолжува истрагата за да откриеме дали осомничениот имал и соучесници. Ќе се зголеми присуството на полицијата во овој дел на земјата и им гарантирам на туристите дека ќе бидат безбедни, изјави Чако.
За апсењето на Мјацај објавија и чешките медиуми, јави дописникот на МИА од Прага.
Чешките државјани Мишел Сватос (27) и Ана Косинова (36), кои кампувале во селото Прекал кај Дукаѓини, беа убиени во петкот вечерта. Нивниот автомобил беше пронајден во провалија во албанскиот национален парк Тети.
Ново на Сител
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија